Уникатен подарок на Џорџа Мелони за Чарлс Трети

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Италијанската премиерка Џорџа Мелони му подари на британскиот крал Чарлс Трети персонализирана тегла Нутела со неговото име испечатено во златни букви, пренесува италијанската агенција АНСА.

Чарлс го доби светски познатиот намаз од лешник за време за време на посетата на Италија. Тегла Нутела со персонализирана етикета ѝ била дадена и на  кралицата Камила.

„Корисен подарок за уживање на софа во дождливи денови“, напиша Мелони во пораката што ги придружувала подароците.

За време на тридневната посета на Италија, британскиот крал и кралица се сретнаа со италијанскиот претседател Серџо Матарела, премиерката Мелони, папата Франциско, а Чарлс одржа говор пред италијанскиот парламент.

Тие го посетија и гробот на Данте во Равена, каде што престојуваа по повод 80-годишнината од ослободувањето на тој дел на Италија.

За време на нивната посета на Италија, Чарлс и Камила ја прославија и 20-годишнината од бракот.

Share This Article