Унгарија пред Европскиот суд на правдата ќе ја оспори одлуката на Советот на Европската Унија за забрана за испорака на руски гас, изјави денеска шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто.
Сијарто истакна дека Унгарија ги смета за нелегални постапките на Советот на ЕУ бидејќи одлуката не е донесена едногласно, туку со квалификувано мнозинство, што бил објаснето со проценката дека станува збор за трговија, а не за санкции.
– Поради ова, Унгарија и Словачка не можеа да ги искористат своите права на вето, и ние ќе се жалиме пред Европскиот суд на правдата поради таа причина – изјави Сијарто .
Според одлуката на Советот на ЕУ, новите договори за купување руски гас ќе бидат забранети од 1 јануари 2026 година, додека постојните краткорочни договори треба да бидат завршени до 17 јуни 2026 година, а долгорочните договори можат да продолжат до 1 јануари 2028 година.