Унгарија ќе преземе правни дејствија за елиминирање на невладините организации и медиумите кои примаат пари од САД и од други меѓународни извори, изјави премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, објави АП њуз.
Орбан, кој е сојузник на Доналд Трамп, ја поздрави одлуката за растурање на УСАИД, тврдејќи дека со помошта што ја дава се финансираат организации кои сакаат да соборат влади.
– Сега е моментот кога тие меѓународни мрежи треба да се уништат и да се збришат. Неопходно е нивното постоење да се направи законски невозможно – изјави Орбан.
Орбан изјави дека луѓето кои работат за организации, финансирани од УСАИД, би требало да се сметаат за агенти.
– Растурањето на агенцијата е како прочистувачки воздух. Сите пари, кои доаѓаат од Америка, треба да бидат објавени јавно, а тие кои ги примаат треба да бидат казнети. Не можете да примате пари однадвор за да влијаете врз унгарската политика – кажа Орбан.