Унгарија гради пристаниште во италијанскиот дел на Трст

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Унгарија почна да гради сопствено пристаниште на Јадранското Море во Трст, Италија,  објави Hungary Today.

Изградбата на пристаништето, кое треба да биде оперативно до 2028 година, ќе го олесни унгарскиот извоз.

-Работата ќе започне со изградба на голем дел од насипот и 50.000 кубни метри насип на унгарско државно земјиште во северна Италија – изјави  државен секретар во Министерството за надворешни работи и трговија на унгарија  Левенте Маѓар при посетата на градилиштето.

Според Маѓар, во првата фаза ќе се изгради дел од брегот од 250 метри, кој ќе се прошири за околу 400 метри, со што Унгарија ќе добие вкупно 650 метри крајбрежје на Јадранот.

Оваа површина државата ја доби за 31 милион евра со договор за концесија на 60 години. За развој е достапна и површина од 30 хектари, каде што ќе се гради логистички центар, вклучувајќи објекти потребни за поморски операции.

– Унгарија секоја година извезува товар во вредност од околу 60.000 милијарди форинти (150 милијарди евра), од кои повеќето ја напуштаат Европа по море. Како 34-ти најголем извозник во светот, таа мора да има канали за да се поврзе со глобалните синџири на снабдување на најефикасен начин, да создаде работни места, да го направи унгарскиот извоз поефикасен и да им помогне на унгарските компании да водат бизнис – рече Маѓар.

Унгарската влада му го довери развојот на морското пристаниште на „Адриа Порт Зрт“, комерцијална компанија во целосна сопственост на унгарската држава.

Share This Article