Украинските сили соопштија дека Русија во текот ноќта нападнала цели во Украина со 315 дронови и седум ракети. Вчера Украина соопшти дека Русија лансирала 479 беспилотни летала и 20 ракети во, како што нагласи, најголемото ноќно бомбардирање во војната досега.
Главната насока на нападите бил Киев, додаваат украинската армија, а регионите Одеса, Дњепарк и Чернигов исто така биле цел на Москва. Од 315 беспилотни летала и седум ракети, 284 беспилотни летала и сите ракети биле уништени.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ги повика САД и Европа да одговорат на новиот бран руски напади. Toj во објава на социјалните мрежи рече и дека нападот со дронови е веројатно еден од најголемите досега во војната.
„Од суштинско значење е одговорот на овој и други слични руски напади да не биде молк од светот, туку конкретна акција. Акција од САД, која има моќ да ја принуди Русија на мир. Акција од Европа, која нема друга алтернатива освен да биде силна“, напиша Зеленски во објава на социјалните мрежи, додавајќи дека две од ракетите што биле ноќеска употребени за пад, се произведени во Северна Кореја.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
