Украинската енергетска инфраструктура повторно мета на руски напади

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
A view shows the site of an apartment building hit by a Russian missile strike, amid Russia's attack on Ukraine, in Kharkiv, Ukraine March 7, 2025. REUTERS/Vyacheslav Madiyevskyy
- Advertisement -
Ad image

Енергетската инфраструктура во неколку украински региони е цел на големи руски напади со проектили и беспилотни летала, изјави украинскиот министер за енергетика Герман Галушченко. Во меѓувреме, Русија тврди дека соборила 39 украински беспилотни летала над нејзина територија.

„Русија се обидува да им наштети на Украинците со гранатирање на капацитетите за производство на енергија и гас, без да се откаже од својата цел да не остави без струја и греење и да предизвика најголема штета на обичните граѓани“, напиша на Фејсбук украинскиот министер за енергетика Герман Галушченко. Тој додаде дека спасувачите и вработените во електрокомпаниите работат на отстранување на последиците каде што е можно.Според украинските воени претставници, цитирани од германската новинска агенција dpa, Русија во нападите користела и наведувани ракети Калибр лансирани од бродови во Црното Море.

Во меѓувреме, четири лица се повредени во ракетен напад врз цивилна инфраструктура во Харков во источна Украина, објави денеска на Телеграм градоначалникот на вториот по големина град во Украина, Игор Терехов. Во нападот делумно е уништена и една станбена зграда.

Од под урнатините досега се извлечени шест лица, а потрагата по евентуални други жртви продолжува. Гувернерот на Харков Олег Синегубов на Телеграм објави дека приватна компанија во Харков била погодена во руски напад, при што изгореле неколку автомобили.

Нападот се јавува и од областа Тернопил во западна Украина, каде имало проблеми со снабдувањето со гас, но нема загинати или повредени.

Во четвртокот вечерта беше забележан и руски напад од областа Одеса на југот на земјата, при што беше оштетена клучната инфраструктура, јави француската новинска агенција АФП.

Русија од четвртокот вечерта соборила 39 украински беспилотни летала над пет нејзини региони и над Црното и Азовското Море, соопшти денеска Министерството за одбрана во Москва.

Share This Article