Background

Украина за само 2 дена имаше 22 обиди да ги сопре испораките

Испораките на руски гас до Европа преку гасоводот Турски тек скокнаа во март, пресмета руската агенција ТАСС врз основа на податоци од европскиот оператор на мрежа ЕНТСОГ, што сигнализира пораст на побарувачката поради ниските температури и прекините во снабдувањето од Блискиот Исток.

Според овие пресметки, испораките од европската гранка на Турски тек се зголемија во март за 21% во споредба со истиот месец минатата година, на 1,7 милијарди кубни метри. Во споредба со февруари, тие се зголемија за 12%.

Просечно 55 милиони кубни метри гас дневно беа испорачани на пазарите во јужна и југоисточна Европа во март, што значи дека беа искористени 97% од неговиот капацитет.

- Advertisement -
Ad image

Во првиот квартал, европската гранка на Турски тек испорача вкупно 4,96 милијарди кубни метри гас, што е за 10% повеќе отколку во истиот период минатата година.

Откако „Гаспром“ го суспендираше транспортот на гас преку Украина на почетокот на 2025 година поради истекот на договорот, „Турски тек“ е единствениот активен гасовод преку кој рускиот гас стигнува до Европа. Капацитетот на гасоводот е да транспортира 31,5 милијарди кубни метри гас годишно.

Во 2025 година, 18,1 милијарди кубни метри руски гас пристигнаа во Европа преку „Турски тек“, што е за 8,3% повеќе отколку во 2024 година. Русија, исто така, малку ги зголеми испораките за Турција, на 21,2 милијарди кубни метри, а новинската агенција ТАСС забележува дека рускиот гас пристигнува во Турција преку Црното Море и гасоводот „Син тек“.

Украина подолг се обидува да го запре снабдувањето со руски гас на земјите од јужна и југоисточна Европа. Нападите се зголемени од почетокот на конфликтот а Украина со Унгарија и Словачка околу снабдувањето преку гасоводот „Дружба“.

ТАСС денеска објави дека е спречен последниот обид на Украина да ја нападне Компресорската станица „Рускаја“, која снабдува гас преку „Турски тек“.

„Газпром“ соопшти дека од 17 до 19 март ескалирале нападите врз неговите објекти што го снабдуваат извозот на гас преку гасоводите Турски тек и Син тек за Турција. Поточно, 22 обиди за напад со беспилотни летала (БЛН) се регистрирани во компресорската станица Рускаја, три во компресорската станица Казачја и еден во компресорската станица Береговаја.

Гасоводот Турски тек е последната активна рута за снабдување со руски гас до Европа откако престана транзитот низ Украина.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation