Американскиот претседател Доналд Трамп денеска најави дека ќе воведе реципрочни царини и за американските сојузници и за ривалите.
– Ако ни стават тарифа или данок, ние им ставаме исто ниво на тарифи или данок, толку е едноставно – рече Трамп.
Тој додаде дека кога станува збор за трговијата, нивните сојузници често ги третираат САД полошо отколку нивните непријатели.
Во однос на преговорите за ставање крај на војната, Трамп изјави дека Украина ќе добие место на маса во какви било преговори со Русија.
Во изјавата за новинарите во Белата куќа, американскиот лидер повтори дека воениот конфликт во источноевропската земја мора да заврши.