Украина и Русија денеска соопштија за нови меѓусебни напади со дронови во текот на изминатата ноќ.
Украинската новинска агенција Укринформ јави дека украинските вооружени сили собориле сто руски беспилотни летала насочени кон цели во јужна, северна и централна Украина.
Руските напади со беспилотни летала почнале синоќа во 19 часот и 30 минути по локално време и траеле до утрово во 08:30 часот. Соборените 100 руски дронови.
Министерство за одбрана на Русија, пак, соопшти дека пресретнало 47 беспилотни летала во текот на ноќта над регионите Воронеж, Белгород, Ростов, Волгоград и Астрахан. Во украинските напади повредени се шест лица.
Во Ростов од напад со дрон оштетени се неколку станови и повреди две лица, изјави регионалниот гувернер Јуриј Сљусар.
Во Горловка, дел од отцепената Доњецка Народна Република во источна Украина, дрон удрил во противпожарно возило. Во нападот се повредени четворица пожарникари, соопшти руското Министерство за вонредни состојби.
Русија и Украина ги засилија воздушните напади додека американскиот претседател Доналд Трамп ги притиска Москва и Киев да се договорат за прекин на огнот по повеќе од три години војна.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
