Background

УЈП ги повикува сите даночни обврзници кои во законскиот рок не ја платиле даночната обврска по данокот на личен доход утврдена во Годишната даночна пријава (ДЛД-ГДП) за 2024 година, да го исполнат својот даночен долг.

Управата за јавни приходи ги повикува сите даночни обврзници кои во законскиот рок не ја платиле даночната обврска по данокот на личен доход утврдена во Годишната даночна пријава (ДЛД-ГДП) за 2024 година, да го исполнат својот даночен долг.

Согласно евиденцијата на УЈП, 3.155 даночни обврзници ја немаат подмирено разликата за доплата на данокот на личен доход утврдена во Годишната даночна пријава за данокот на личен доход (ДЛД-ГДП) за 2024 година што требаше да се исполни во законскиот рок до 30.06.2025 година. Во следниот период УЈП ќе премине кон опоменување и присилна наплата на доспеаните неплатени долгови по овој основ што ќе доведе до дополнителни трошоци по основ на камата за задоцнето плаќање од 0,03% дневно и еднократна посебна такса во постапка на присилна наплата.

Управата ги поттикнува оние даночни обврзници со даночен долг над 10.000 денари кои имаат потешкотии во обезбедувањето на тековна ликвидност и платежна способност, а редовно ги исполниле другите даночни обврски, да поднесат барање за одложено плаќање http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/172.

- Advertisement -
Ad image

УЈП објави Калкулатор со кој можете да направите пресметка колкава месечна рата за отплата на долгот во постапка за одложено плаќање треба да платите, според износот на главен долг за одреден број на месечни рати.

Долгот може да биде платен и од трето лице, со тоа што преку опцијата „Плаќање од трето лице“ во вашиот кориснички профил во е-персонален данок можете да го замените налогодавачот, односно да го наведете ЕМБГ на лицето кое во ваше име и сметка ќе го плати долгот. Дополнителни информации може да најдете на страната на УЈП, во делот Плаќање даноци на следниот линк http://www.ujp.gov.mk/mk/plakjanje.

Обратете се до УЈП доколку не треба да имате обврска за плаќање по ДЛД-ГДП, доколку сте извршиле уплата на даночниот долг, но истата не е евидентирана од УЈП и ако сте крeирале двојна пресметка како исплатувач на доход или физичко лице, од која едната е платена, а другата не со цел евидентирање на вашата уплата во системот на УЈП.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation