Background

Училишното ѕвонче денеска ќе го означи почетокот на новата учебна 2025/2026 година

Училишното ѕвонче денеска ќе го означи почетокот на новата учебна 2025/2026 година за 245.000 ученици, односно 177.800 основци и 67.200 средношколци. До Министерството за образование се пристигнати податоци за 17.250 првачиња и 17.230 ученици во прва година во средното образование, но податоците не се конечни, со оглед дека училиштата сè уште доставуваат бројки.

Настава ќе има до 10 јуни, а исклучок ќе бидат матурантите за кои редовните часови ќе траат до 15 мај. Обезбедени се учебници за сите ученици, а првпат по седум години ќе има и учебници по странските јазици. Вештачката интелегенција влегува во наставата, а образовни асистенти ќе можат да добијат и средношколци.

Министерката за образование и наука Весна Јаневска вчера на прес-конференција информираше дека во повеќе училишта условите за настава се подобрени, а инклузијата е подигната со ангажирање на зголемен број образовни асистенти во основното и првпат во средното образование.

- Advertisement -
Ad image

– Втора учебна година по ред започнува со учебници за сите ученици. Целосно нови учебници има за седмо одделение во основното образование и за прва година во гимназиите, поради примената на нови наставни програми и најавувам дека овој процес на обнова на наставните содржини ќе има континуитет. Првпат после седум години, учениците ќе добијат и учебници по странски јазици – англиски, француски, германски и италијански јазик – истакна Јаневска, нагласувајќи дека сите се испечатени и над 90 проценти од тиражот е веќе испорачан.

Од оваа учебна година започнува примената на нов електронски дневник кој има значително подобри перформанси од претходниот и наставниците ќе можат да се најават и пополнуваат податоци во секој момент.

Вештачката интелигенција влегува во наставата за што е изготвен сеопфатен прирачник за едукација и на наставници и на ученици, со јасни инструкции за етичка и ефикасна примена на новите технолошки алатки за образовни цели.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation