Топ Вести - Слушај сега
Поранешниот претседател на Сирија Башар ал Асад, кој по падот на власта побегнал во Москва во декември 2024 година, денес живее во најелитното московско предградие Рубљовка, но во услови што наликуваат на златен кафез. Според „Гардијан“, Асад учи руски јазик и повторно се занимава со офталмологија, неговата првична професија, но нема јавни настапи и е под постојан надзор на руските безбедносни служби.
– Тоа му е страст, не му требаат пари. Во неговата ординација во Дамаск имаше редици пациенти и пред војната – изјавил негов близок пријател за британскиот весник.
Според текстот, иако со години Асад имал близок контакс со Владимир Путин, нивниот однос се заладил. Извор близок до Кремљ открил дека „Путин нема трпение за лидери кои ја изгубиле власта. Асад повеќе не е влијателен, ниту интересен гостин на вечера.“
Рускиот амбасадор во Ирак, Елбрус Кутрашев, потврдил дека на Асад му е дозволен престој, но не и политичка активност:
– Асад може да живее овде, но не може да се појавува во медиумите. Затоа не слушате ништо од него. Безбеден е, но во тишина – рекол Кутрашев.
На 8 декември 2024 година, додека бунтовничките сили се приближувале кон Дамаск, Асад и најтесното семејство побегнале со авион во Москва. Ни пошироката фамилија, ни најблиските соработници не знаеле за бегството.
Неговата сопруга Асма, која боледува од леукемија, се лекува под „специјални услови“ и експериментална терапија во Москва. Руски извори велат дека нејзиното здравје е под контрола на федералната служба за безбедност (ФСБ).
Семејството Асад дел од времето го минува во Обединетите Арапски Емирати, каде, според блиски извори, сакаат трајно да се преселат, но таму не се добредојдени.
– Дури и на Емиратите им е непријатно да ги прифатат – изјавил извор близок до семејството за „Гардијан“.
Во Рубљовка, сосед на Асад му е и поранешниот украински претседател Виктор Јанукович, кој исто така живее под заштита на Кремљ од 2014 година.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
