Министерот за европски прашања Орхан Муртезани, ќе ја предводи делегацијата на Република Северна Македонија на Форумот на ЕУ Стратегијата за Јадранско-јонскиот регион (ЕУСАИР), кој во рамки на грчкото претседавање, од 5 до 7 мај 2025 год. ќе се одржи на Крит, Грција.
Северна Македонија официјално ќе го преземе претседавањето со Јадранско-јонската иницијатива од Грција, за првпат откако земјата стана дел од овие формати за регионална соработка. Покрај церемонијата на примопредавање, Министерот Муртезани ќе учествува и на Панелот на министри за фондови на ЕУ и на Министерскиот состанок, како дел од пошироката агенда на Форумот посветена на зајакнување на регионалната соработка, поврзаност и интеграција во Јадранско-јонскиот регион.
Претседателството на Северна Македонија со ЕУСАИР и Јадранско-јонската иницијатива започнува на 1 јуни 2025 год. и ќе трае една година.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
