Background

Убиецот од Грац – Осамен, повлечен и со недовршено образование

Артур А., 21-годишниот напаѓач од Грац, кој во крвавиот напад на неговото поранешно средно училиште уби 10 луѓе, а потоа се самоуби, е млад човек кој зад себе оставил малку јасни траги и многу неодговорени прашања.

Во еден од најтешките насилни настани во поновата историја на Австрија, властите и натаму бараат одговори за тоа што го мотивирало Артур да изврши ваков брутален чин.

Очевидците и познаниците го опишуваат како тивок, повлечен и осамен. Според информациите од австриските медиуми, Артур го напуштил училиштето без завршено средно образование, факт кој го засилува сомнежот дека имал проблеми во адаптацијата и комуникацијата со врсниците.

- Advertisement -
Ad image

Иако полицијата сè уште не ја потврдува, медиумите шпекулираат дека тој се чувствувал малтретиран и изолиран, што потенцијално може да укаже на лични мотиви за одмазда.

Настанот што се случи во вторникот го потресе Грац. Артур, вооружен со пиштол и со пушка, насилно влегол во училиштето во кое некогаш учел, уби 10 лица и се застрелал во тоалетот.

Наставникот по веронаука, Пол Ниче, кој бил сведок на нападот, раскажува дека го видел Артур како се обидува да провали во една од училниците со пиштолот, во панична и очајна состојба.

При претрес на домот на напаѓачот, полицијата открила и импровизирана експлозивна направа, која за среќа не била функционална. Иако тој зад себе оставил проштална порака, во неа не е откриен мотивот за нападот, што дополнително ја отежнува задачата на истражителите да ги откријат неговите намери и дали нападот можел да биде спречен.

И додека австриските власти се обидуваат да го состават профилот на напаѓачот и неговиот живот пред инцидентот, целата нација останува во состојба на шок и жалост, барајќи одговори на прашањата – како се случи и зошто Артур.А. ја одбра смртта наместо животот, повлекувајќи со себе 10 невини луѓе.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation