Фадил Зејнелов, убиецот на 29-годишната штипјанка Емилија Пешева, го призна делото, кратко по почетокот на судењето во Основниот суд во Штип.
Според истрагата на ОЈО, Зејнелов на 1 ноември минатата година, при вршење семејно насилство, со умисла ја убил својата вонбрачна партнерка.
Зејнелов ја призна вината и рече дека мотивот за убиството е неверство. Родителите на Емилија не се согласуваат со ова негово тврдење, сметаат дека на овој начин сака да ја изигра правдата и бараат да му биде изречена максимална казна доживотен затвор.
– Тоj признава, се кае. Со тоа тој мисли да добие од 10 до 15 години, така тој си мисли. Поради неверство не е, тој се закани дека ќе ја утепа. На сите се закануваше, имаме докази. Ако треба ќе дојдат и сведоци – изјави мајката на убиената Емилија од Штип.
Емилија остави малолетно дете, кое според сведочењето на нејзините родители, тешко се справува со ситуацијата.
– Дете ни остави, внук, зошто, сираче детенце да оставиш. Детето не сака да оди на училиште, си ја бара мајката, тешко се справуваме, не може да се навикне, изјави таткото на Емилија.
Судијата кривичар Сашко Георгиев, најави дека пресудата ќе биде објавена во среда на на 12 февруари