Полицијата поднесе кривична пријава против 40-годишна жена од Радовиш, која живее во Скопје, под сомнение дека испратила лажна дојава за бомба во основно училиште во нејзиниот роден град.
Според информациите од истрагата, жената на 29 октомври, рано наутро, преку новоотворена мејл-адреса на „Гугл“ и со својот мобилен телефон, испратила порака со заканувачка содржина на службениот мејл на училиштето. Во пораката, меѓу другото, стоело дека во зградата е поставена бомба.
Тие неколку реда текст, напишани можеби во момент на афект или некаков протест, предизвикале вистинска паника. Веднаш бил повикан тимот за антитерористичка проверка, училиштето било евакуирано, а просториите детално прегледани. Среќа во несреќата — експлозив не бил пронајден.
Во потрагата по испраќачот, истражителите ги следеле електронските траги и преку IP адресите го идентификувале изворот на пораката. По обезбедување на доказите, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, поточно Единицата за истраги за тероризам, насилен екстремизам и радикализам, на која вакви дела и се во надлежност, заедно со Секторот за компјутерски криминал, до скопското обвинителство поднесе пријава против В.Ј. за кривично дело „лажно пријавување на кривично дело“.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
