Скопската полиција синоќа околу 19:30 часот го уапси скопјанецот Б. Р. (59), кој два дена претходно – на 28 октомври околу 20:30 часот – со патничко возило „фиат сеиченто“ прегази 11-годишно девојче на улицата „Перо Наков“ во Скопје и побегна.
Девојчето со тешки телесни повреди беше пренесено во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, каде ѝ е укажана лекарска помош и се наоѓа надвор од животна опасност.
Полицијата по интензивна потрага го пронашла возачот и возилото, а по наредба на јавен обвинител, Б. Р. е задржан во станица и против него ќе биде поднесена кривична пријава.
На улицата „Перо Наков“ и претходно се случуваа сообраќајни несреќи во кои беа повредени пешаци, особено деца. Жителите на овој дел од градот веќе подолго време бараат поставување на семафор и забавувачи на брзина, предупредувајќи дека сообраќајот таму е густ, а возачите често возат пребрзо.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
