УАПСЕН Е ЈУЖНОКОРЕЈСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ

Saso
By Saso 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Суспендираниот јужнокорејски претседател Јун Сук Јеол денеска е приведен поради тоа што накратко воведе воена состојба во декември, јави официјалната новинска агенција Јонхап.

Полицајците и персоналот од канцеларијата за борба против корупцијата на Јужна Кореја утрово го придружуваа Јун од неговата резиденција за да го одведат до канцеларијата на јавниот обвинител во нивниот втор обид да го сторат тоа, информира Јонхап.

Операцијата изгледаше мирна и покрај сериозните безбедносни грижи, пренесе ДПА.

Јонхап ја цитира Канцеларијата за истраги за корупција за високи функционери (ЦИО), која соопштила дека налогот за притвор бил извршен во 10.33 часот (01.33 по Гринич).

Ова е првпат во историјата на земјата да биде уапсен актуелен претседател на Јужна Кореја.

Јун бил виден како влегува во седиштето на ЦИО на испрашување. Според Јонхап, истражителите ќе бараат налог за формално апсење на претседателот во рок од 48 часа.

Тој изјави дека се предал на сослушување за да избегне какво било насилство, откако повеќе од 3.000 полицајци марширале кон неговата резиденција за да го уапсат во рано утринава.

– Иако се работи за незаконска истрага, решив да се согласам да се појавам во ЦИО со цел да се спречи грдото крвопролевање – рече Јун во снимена видео порака објавена по неговото апсење.

- Advertisement -
Ad image

 

Уставниот суд на Јужна Кореја вчера го одложи првото рочиште во постапката за импичмент против Јун (64) бидејќи тој не беше присутен. Тој преку својот адвокат изјавил дека не присуствувал поради безбедносни причини.

На 3 декември, Јун накратко прогласи воена состојба за време на спор околу буџетот со опозицијата.

- Advertisement -
Ad image

Во средината на декември, пратениците го сменија од функцијата до понатамошно известување по обвиненијата за злоупотреба на власта и бунт, а Уставниот суд моментално ја разгледува одлуката.

Јун ја бранеше својата одлука со изјавата дека прогласил воена состојба за да ја заштити нацијата од „антидржавните сили“ – што значи неговите политички противници.

Засега со државните работи раководи поранешниот министер за финансии и вицепремиер Чои Санг Мок.

Share This Article