Полскиот премиер Доналд Туск денеска ја повика Европа итно да создаде план за Украина и за безбедноста на континентот, бидејќи може да се случи мирот за кој преговараат глобалните играчи да не е во согласност со европските интереси.
„На Европа итно ѝ треба план, сопствен план за акција во однос на Украина и нашата безбедност, инаку други светски играчи ќе одлучуваат за нашата иднина. И тоа не мора да значи дека ќе биде во согласност со нашите интереси“, апелираше премиерот на Полска, која претседава со ЕУ, на мрежата Икс.
Тој нагласи дека овој план мора веднаш да се направи.
„Немаме време за губење“, порача Туск.