Топ Вести - Слушај сега
Кошаркарскиот натпревар меѓу Панатинаикос и Фенербахче, кој заврши со победа на грчкиот гигант (81:77), остави горчлив вкус поради навредливата атмосфера на трибините. Тренерот на гостите, Ергин Атаман, кој е и селектор на турската репрезентација, по мечот експлозивно реагирал на песната што десет илјади домашни навивачи ја пееле навредувајќи ја неговата мајка.
– Многу сум лут! Тие луѓе, десет илјади од нив, пееја песна за мојата мајка, која има 87 години. Тоа не е во ред. Горд сум што сум селектор на Турција – изјави Атаман.
Неколку часа подоцна, познатиот турски новинар Мурат Муратаноглу јавно возврати со жестока критика.
– Жал ми е што Атаман не го кажуваше истото кога беше тренер на Галатасарај. Тогаш не реагираше кога некои луѓе ја пцуеја мајка ми, која го носеше дресот на истиот клуб. Неговата мајка е мајка, а мојата не е? – рече Муратаноглу.
Тој потсети дека непристојностите на трибините не се нов феномен во турската кошарка, туку резултат на долготрајни лични и спортски пресметки. Муратаноглу и Атаман одамна имаат медиумска „војна“ од времето кога Ергин работеше во Турција. Двајцата често се судираа преку изјави и јавни коментари.
Муратаноглу додал дека мајките и татковците се свети личности и дека ваквите напади ги деградираат спортските вредности.
– Мајките се нешто свето. Никој родител не заслужува вакви навреди. Наместо тоа, Атаман можеше да зборува и за судењето, кое беше контроверзно – заврши новинарот.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
