Background

Турскиот претседател спомна соработка силна како Камениот Мост

Турскиот претседател се надева оти ќе присуствува на првата седница на Советот за соработка што ќе се одржи во Скопје, откако Македонија и Турција во Истанбул во петокот потпишаа политичка декларација за соработка на највисоко ниво во која се заложија дека ќе соработуваат во сите области со особен акцент на економијата.

Документот ги подигнува билтералните односи меѓу земјите на ново рамниште.

Ердоган најави дека со идните активности ќе се зголеми економската и трговската размена на уште повисоко ниво и оцени дека односите меѓу двете земји се силни како што е силен Камениот мост во Скопје.

- Advertisement -
Ad image

– Лани имавме трговска размена од милијарда долари кои треба да ги удвоиме во првата прилика – рече Ердоган, посочувајќи дека ќе биде потребно ревидирање на Договорот за слободна трговија.

Ердоган воедно порача дека Балканот не треба да се гледа како место за конкуренција меѓу народите, туку како поле за заедничка соработка и за развој. Тој откри дека на средбата се отвориле и теми од глобалната политика.

– За нас е клучно проблемот во Украина да се реши по мирен пат. За Палестина имаме заедничко мислење да се формираат две држави – рече турскиот лидер.

Македонскиот премиер Христијан Мицкоски на заедничката прес-конференција истакна дека заложбата е да се зголемат инвестициите од, како што вели, еден од нашите најголеми партнери и поддржувачи, Турција, со кој имаме клучно стратешко партнерство.

Мицкоски најави дека двете земји ќе соработуваат во сите области од заеднички интерес на највисоко ниво. Тој го покани Ердоган да дојде во Македонија во првата можна прилика.

– Турција е  еден од нашите најзначајни економски партнери, но и неизоставна сила во регионот. Заедничката заложба е да ги зголемите турските инвестиции во Македонија. Да создадеме нови можности за турските компании на македонскиот пазар. Веќе имаме многу позитивни примери на турски компании кои работат кај нас во патната и во железничката инфраструктура. Од друга страна, неодамна имаме соработка во енергетиката со значајна турска компанија за изградба на когенеративни гасни централи и топловодна и гасна мрежа во висина до 1 милијарда долари. Дополнително, разговаравме и за унапредување на соработката во безбедноста, образованието, културата и во здравството. Исто така отворивме и теми за кои претходно зборуваше претседателот Ердоган – истакна премиерот.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation