Турски туристи вчера попладне на бројот 112 пријавиле дека се изгубени и дека не можат да преминат од страната на пешачката патека и ресторанот на кањонот Матка, информира утрово Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Според пријавата, тие не можеле да се движат во мракот и барале начин да им се помогне да преминат од другата страна на езерото Матка.
„За да се извлечат туристите беше потребно да се обезбеди пловно превозно средство како кајче или чамец. За таа цел, Регионалниот ЦУК Скопје стапи во координација со Полициската станица Сарај и Општина Сарај“, се вели во соопштението од ЦУК.
Еден час подоцна, странските туристи се извлечени од местото каде се наоѓале и безбедно се префрлени од другата страна на езерото.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
