Background

Туристка со тешки повреди била хоспитализирана во Грција откако чадор, однесен од силен ветар, се забил во нејзината нога и ја пробил

Туристка со тешки повреди била хоспитализирана во Грција откако чадор, однесен од силен ветар, се забил во нејзината нога и ја пробил.

Несреќата се случила во петокот, додека 26-годишната туристка се сончала на плажата Посиди на Халкидики кога држачот на чадорот излетал од место. Спасувач, кој не бил на должност, веднаш интервенирал и заедно со екипа на итната помош спречил потешки последици.

„Беше извршена имобилизација и преврзување на екстремитетот за контрола на крвавењето, без вадење на страното тело, како што предвидуваат протоколите, и пациентката беше пренесена во болницата во Полигирос за отстранување на страното тело и за дефинитивно санирање на повредата“, известува медицинскиот тим.

- Advertisement -
Ad image

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation