Авион на „Делта ерлајнс“ изврши итно слетување на меѓународниот аеродром Минеаполис-Сент Пол откако 25 лица беа повредени во турбуленцијата што се случи за време на летот.
Авионот полета за Амстердам од аеродромот Солт Лејк Сити, пред да биде пренасочен кон Минеаполис.
Слетал нешто повеќе од два часа по почетокот на деветчасовниот лет.
Според Би-Би-Си, 25 лица биле префрлени во локалните болници на лекување.
Во авионот имало 275 патници и 13 членови на екипажот.
Од 2009 година во САД имало 207 сериозни повреди предизвикани од турбуленција. Проценките покажуваат дека секоја година се случуваат околу 5.000 инциденти со тешка или потешка турбуленција, од вкупно повеќе од 35 милиони летови што сега се реализираат низ целиот свет, објавува Klix.ba.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
