Адвокатот Владимир Туфегџиќ изрази остри критики кон Обвинителството, обвинувајќи го дека не реагирало на сведочењата на дел од обвинетите во случајот за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.
Според Туфегџиќ, сведочењата укажуваат дека грабнувањата и убиствата се планирале многу пред реализацијата на овие две трагедии, но надлежните органи не презеле ништо.
Во однос на обвинетиот Александар Ѓорчески, татко на убиената Вања, Туфегџиќ посочува дека неговата невиност се потврдува и преку исказот на обвинетиот Влатко Кешишев.
– И со исказот на Кешишев, кој рече дека за таткото првпат чул во притвор, се докажува дека тој нема никаква вина – изјави адвокатот.
Туфегџиќ истакна дека постои сведочење од уште еден сведок, кој укажал на тоа дека уште една година пред убиствата во Скопје и во Велес, се подготвувале грабнувања на луѓе.
„Се подготвувале активности кои сите нас треба да нè загрижат. Наместо Јавното обвинителство да тргне во таа насока, ја дефокусираа истрагата со неоснованото обвинување на Александар. Тоа е резултат на непостоење на унифицирани стандарди за постапување во ваков случај – нагласи Туфегџиќ.
Дополнително, тој ја обвини институцијата дека не реагирала ни по неговите пријави поврзани со објавување на докази од истрагата во странски држави, алудирајќи на српскиот политичар Срѓан Ного.
– Обвинителството не постапи ни по пријавите за тортура, ни по известувањето за објавување на дел од доказниот материјал од странска држава. Не добивме одговори на многу прашања. Се надевам дека ќе преземат нешто – рече Туфегџиќ.
Tagged as:
Туфегџиќ обвинува за дефокус и селективна истрага
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
