Background

Циклонот Алфред го уништи златниот брег на Австралија

Во австралиската држава Квинсленд, страшната тропска бура Алфред го опустоши градот последните денови, а една од најпознатите плажи во таа област е целосно уништена.

Голд Коуст, како што уште го нарекуваат брегот, бил место со најубави плажи кои го краселе Квинсленд, кои сега по циклонот изгледаат сосема непрепознатливо, пишува „9news“.

Невремето стигна до брегот на Квинсленд во саботата како „тропска бура со низок интензитет“. Сепак, невремето набрзо донесе силен ветер, силен дожд и поплави, што ги натера службите за итни случаи да реагираат на повеќе фронтови.

- Advertisement -
Ad image

Златните песоци, некогаш рај за сурферите станаа „бојно поле“ откако разорните бранови го уништија крајбрежјето. Според извештаите на медиумите, брановите стигнале до третиот и четвртиот кат од околните згради.

Ерозијата била толку екстремна што се формирале долги, стрмни падини високи до шест метри. Најмалку едно лице загина, четири се водат како исчезнати, а спасувачките служби се уште се на терен.

Во меѓувреме, австралиските одбранбени сили распоредија повеќе од 500 луѓе во Квинсленд и повеќе од 700 во северниот дел на Нов Јужен Велс.

За потсетување, илјадници луѓе во источна Австралија добија наредба да се евакуираат на 7 март поради циклонот Алфред, кој донесе силен дожд, огромни бранови и силни ветрови и го затвори аеродромот во Бризбејн, како и повеќе од 1.000 училишта во регионот. Милиони луѓе се погодени од силен циклон, јавуваат медиумите.

Повеќе од 1.000 училишта во југоисточен Квинсленд и 280 во северниот дел на Нов Јужен Велс се затворени. Според соопштението на австралиското биро за метеорологија, налетите на ветрот достигнуваат брзина од 100 километри на час во регионите на Квинсленд и Нов Јужен Велс, додека на море брзината на ветерот достигнува и до 200 километри на час.

Според соопштението на австралиската компанија за дистрибуција на електрична енергија Енергекс, околу 316.540 луѓе во југоисточниот дел на Квинсленд останале без струја, а градот Голд Коуст е најтешко погодената област со повеќе од 112.000 луѓе без струја, пренесува Ројтерс.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation