Цените на ретките земни метали нагло пораснале во мај, откако Кина воведе построги извозни контроли, покажува месечниот индекс на суровини на Баварската индустриска асоцијација

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Цените на ретките земни метали нагло пораснале во мај, откако Кина воведе построги извозни контроли, покажува месечниот индекс на суровини на Баварската индустриска асоцијација (vbw), јави ДПА.

Вкупно, цените на овие метали – клучни за високотехнолошко производство во електрониката, автомобилската и одбранбената индустрија – пораснале за 8% во доларски износ.

Некои елементи забележале и поголем раст: тербиумот се зголемил за речиси 19%, гадолиниумот за 17%, а самариумот за повеќе од 15%.

Овој пораст следи по најавата на Пекинг во април за нови ограничувања на извозот на неколку ретки елементи, како одговор на најавените царини од страна на американскиот претседател Доналд Трамп.

Кина обработува околу 90% од индустриските ретки земни метали во светот, според различни проценки. Цените достигнаа рекордни вредности во 2022 година за време на пандемијата, кога глобалните синџири на снабдување беа нарушени.

Германската федерација на индустријата (BDI) неодамна предупреди дека растечката зависност на Европа од Кина за критични суровини претставува стратегиски ризик.

Share This Article