Background

Цените на млекото во ЕУ се зголемија во просек  за 15,3% во последниот квартал од 2024 година во споредба со истиот квартал од 2023 година

Цените на млекото во ЕУ се зголемија во просек  за 15,3% во последниот квартал од 2024 година во споредба со истиот квартал од 2023 година, покажуваат последните податоци на Евростат.

Поскапувања има во 24 земји на ЕУ, а највисоки стапки на раст  се забележани во Ирска од 43,7%, Литванија (33,2%), Белгија (30,8%) и Шведска (30,3%).

Според податоците на Еуростат, во четвртиот квартал од 2024 година, просечната откупна цена во земјодлеството  во ЕУ се зголемила за 2,2% во споредба со истиот квартал во 2023 година. Ова претставува прво зголемување од вториот квартал на 2023 година.

- Advertisement -
Ad image

Спротивно на тоа, просечната цена на стоките и услугите што моментално се трошат во земјоделството (инпути кои не се поврзани со инвестиции, како што се енергија, ѓубрива или добиточна храна) се намалија за 2,7% во споредба со четвртиот квартал од 2023 година. Сепак, ова беше помала стапка на пад, отколку во претходните 6 квартали.

Цените на житарките незначително се зголемија за 0,3% во просек низ ЕУ, но тоа одразува контрастни случувања меѓу земјите. Пад имало во 17 земји од ЕУ, со зголемување во останатите 10 земји. Најостра стапка на пораст е забележана во Словенија од 20,3%.

Меѓу стоките и услугите што се трошат во земјоделството, имаше остри стапки на пад на цените на вештачките ѓубрива во просек за  6,9% и добиточната храна која просечно се намалила за 5% во последниот квартал од 2024 година, во споредба со истиот квартал од 2023 година.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation