Цените на кафето вчера пораснаа како директна последица на воведувањето на царината на САД за бразилскиот извоз од 50%. Цената на кафето Арабика веднаш порасна, дополнително зголемувајќи го веќе значителниот притисок врз цените оваа година.
Од почетокот на годината, цената на кафето од сортата арабика на светскиот пазар се зголеми за 25%, а на робуста за 10%, додека за една година цените на кафето се зголемија за 120 одосно за 90%.
Цената на кафето порасна за 100% во последните две години.
Аналитичарите велат дека неизвесноста на пазарот е предизвикана од инфлацијата, климатските промени и пониските приноси.
Со почетокот на бербата на кафе во Бразил пред околу еден месец, и откако суровото кафе достигна историски максимум на двете берзи, цената на суровото кафе доживеа мала корекција, но сепак е неизвесно дали ќе има доволно сурово кафе следната година за да се задоволи глобалната побарувачка.
Проценките за следната берба се намалени поради екстремно сушниот период за време на созревањето на новите залихи, па се очекува недостигот на арабика да се почувствува барем до 2026 година.
Производителите на мелено кафе во изминатиот период ги зголемија цените, а како ќе биде во наредниот период ќе зависи од цената на суровото кафе.
Бразил и Виетнам се најголеми производители на кафе во светот.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
