Background

Цените на чоколадото драстично растат

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Во 2025 година, цените на чоколадото во Европа зголемија во просек за 18%, што е највисок раст меѓу сите прехранбени производи, според податоците на Евростат.

- Advertisement -
Ad image

За споредба, во истиот период, вкупните потрошувачки цени во ЕУ се зголемија во просек за 2,5%, додека храната и безалкохолните пијалаци се зголемија за 3,3%.

Инфлацијата на чоколадото во 2025 година значително варираше низ европските земји од најниска во Кипар, Луксембург, Италија и Швајцарија, под 12% ,до  највисока во  Полска (32,6%); Естонија и Литванија (31,5%); Романија ( 26,1%); Латвија (25,9%); Србија (25,4%), и во Хрватска од 15%.

Инфлацијата беше над просекот на ЕУ во Шведска, Бугарија, Црна Гора, Грција, С. Македонија, Шпанија, Финска, Чешка, Холандија и Германија каде што се движеше од 18% до 22,5%.

Ова зголемување на цените првенствено се должи на сушата во Западна Африка, која ја зголеми цената на какаото – клучна состојка во чоколадото, која за две години порасна за 120%, велат економисти на ФАО.

– Производството на какао е концентрирано во неколку западноафрикански земји, првенствено Брегот на Слоновата Коска и Гана, кои заедно произведуваат поголем дел од глобалното какао. Во 2023–2024 година. Производството во овие земји значително се намали поради продолжената суша и болеста какао, што доведе до глобален дефицит и историски ниски залихи. Резултатот е рекордно висока цена на какаото, што директно влијае на малопродажната цена на чоколадото – вели економистот Емилијано Магрини.

Економистот Џон Бафс истакнува дека какаото сочинува околу 10-20% од трошоците за производство на чоколадо, но зголемувањето на цената од над 120% помеѓу 2023 и 2024 година е најголемо во историјата на пазарот на какао и има најголемо влијание врз конечните малопродажни цени.

Разликите во цените на чоколадото меѓу земјите дополнително зависат од: трошоци за работна сила и енергија, цена на други состојки (млеко, шеќер), девизни курсеви и интензитетот на конкуренција во малопродажбата

Исто така, структурата на индустријата игра улога: вертикалната интеграција, уделот на мултинационалните и домашните фирми, брендирањето и дистрибуцијата влијаат на тоа колку зголемувањето на цените се пренесува на потрошувачите.

Некои компании апсорбираат дел од зголемувањето на цената за да го заштитат пазарниот удел, додека други го пренесуваат зголемувањето побрзо и целосно.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation