Background

Цената на становите и натаму расте – во вториот квартал од годинава порастот изнесува 22,3%

Цената на становите и натаму расте – во вториот квартал од годинава порастот изнесува 22,3%. Овој месец просечната цена на становите во Скопје достигна 1.828 евра за квадратен метар. За споредба, лани во август просечната цена на становите изнесуваше 1.500 евра за квадратен метар, што значи дека за само 11 месеци има скок од цели 330 евра за квадратен метар.

Ќе успее ли државата да стави ред на цените на становите, откако квадратот на одредени локации во главниот град стигна и до 2.500-3.000 евра? Гувернерот Трајко Славески неодамна рече дека е загрижен за растот на цените на становите и најави за стабилизација во координација со другите институции. Според податоците на Народната банка во првиот и вториот квартал од годинава, цените на становите скокнаа по над 20 проценти. Славески кажа дека се прават анализи, а податоците покажуваат дека една половина од новопродадените станови се купуваат во кеш.

– По она што го добивам како информација, проценка, околу 50 проценти од новопродадените станови се купуваат на кредит, другите 50 проценти се во готовина. Ние немаме сознанија од каде доаѓа таа готовина, дали е од заштеди, дали е од некои приливи за коишто не сакаме да зборуваме. Има други институции коишто треба да го утврдат, секако и Народната банка – рече Славески.

- Advertisement -
Ad image

Според директорот на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор од значење за државата, Марјан Стефановски, цените на становите излегуваат од рамките на реалното и објективното. Во интервју за МИА тој вели дека ќе мора системски да се делува за рамнотежа на пазарот и реални, а не шпекулативни цени.

– Очигледно е дека цените на становите излегуваат од рамките на реалното и објективното. Оттука, сите ние се соочуваме со состојба во која квадратот станува сè помалку достапен, а сè повеќе предмет на шпекулација. Иако тоа е дел од природното функционирање на слободниот пазар, неопходно е да постои рамнотежа која ќе го заштити интересот на граѓаните, бидејќи цените често се движат во насока што не секогаш одговара на реалната куповна моќ на населението – вели Стефановски.

Тој додаде дека работат на проширување на градежните капацитети за да можат да градат што повеќе комерцијални станови и така да бидат коректор на цената на станбениот квадрат.

Податоците на Народната банка покажуваат дека за 4 години, од 2021 досега, станбениот квадрат поскапел за 75 проценти. А пописот од 2021 година покажа дека илјадници станови се невселени. Само во Скопје има речиси 60 илјади празни станови.

Според последните податоци на Државниот завод за статистика во мај се издадени 469 одобренија за градење, што е за 80,4 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Од нив 255 (54,4 %) се одобренија за објекти од висока градба.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation