Цената на нафтата се стабилизира на светските берзи, по скокот од околу 7% минатата недела предизвикан од санкции на САД против најголемите руски производители на нафта поради војната во Украина.
Цената на барелот нафта брент на Лондонската берза изнесува изнесува 65,02 долари.
Минатата недела барел на Лондонскиот пазар скокна за 7,6% на 65,94 долари, додека на американскиот пазар, барелот се зголеми за 6,9 проценти, на 61,50 долари.
Цените значително се зголемија во среда вечерта, кога американскиот претседател Доналд Трамп објави санкции против руските нафтени гиганти Лукоил и Роснефт, кои заедно произведуваат повеќе од пет проценти од светската нафта.
Трговците стравуваат дека санкциите ќе го отежнат снабдувањето на Кина и Индија, главните купувачи на руска нафта. Доколку тие земји целосно или делумно престанат да увезуваат руска нафта, другите добавувачи ќе мора да се вмешаат и да обезбедат околу 4 милиони барели нафта дневно.
Сепак, на крајот од неделата, цените се стабилизираа бидејќи долго време се проценуваше дека производството ќе расте побрзо од побарувачката во иднина, со оглед на тоа што Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и другите големи производители го зголемуваат производството, додека најголемите светски економии не растат толку брзо како што се очекуваше неодамна.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
