Топ Вести - Слушај сега
Целосното видео од нападот што денеска се случи во училиште во Московската област, а ја вознемири јавноста поради својата бруталност и можен расистички мотив, се појави на социјалните мрежи и на дел од интернет-порталите. Предупредуваме дека содржината е исклучително вознемирувачка.
Според досега достапните информации, напаѓачот, тинејџер на 15-годишна возраст, непосредно пред нападот им се обратил на учениците и ги прашувал за нивната националност. Сведоци тврдат дека по тоа започнал да брка едно дете, извикувајќи расистички навреди.
Во нападот, со нож со неколку смртоносни убоди бил убиен ученик на возраст од 10 години, додека уште тројца ученици и еден припадник на обезбедувањето биле повредени.
По крвавиот напад, и откако полициските сили веќе упаднале во училиштето, напаѓачот земал едно дете како заложник и се заклучил со него во училница, држејќи нож на вратот на детето. За среќа, полицијата успеала да ја скрши вратата и да го совлада напаѓачот пред тој да повреди уште едно дете.
На видеото може да се забележи и реакцијата на обезбедувањето на училиштето, која, според првичните проценки, се покажала како неефикасна. Напаѓачот го онеспособил обезбедувачот со пепер-спреј по што следела физичка пресметка. И покрај обидите да се спречи трагедијата, нападот завршил со фатални последици.
Надлежните органи потврдија дека е во тек истрага. Полицијата и обвинителството ги испитуваат околностите на инцидентот, потеклото на оружјето, евентуалните пропусти во безбедносниот систем на училиштето, како и мотивите за нападот, вклучително и сомнеж за злосторство од омраза.
Автентичноста на видеото сè уште официјално не е потврдена од надлежните институции.
Вознемирувачкото видео можете да го погледнете тука.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
