Background

Цела година ќе се дебатира за концепцијата за гимназиско образование

Младите кои ќе се запишат во гимназиско образование оваа година, за 10 години отсега ќе треба да знаат вештачка интелигенција, програмирање, математика, физика, но и претприемништво, за да се вклучат на пазарот на трудот, а овој систем кој не е променет од 1995 година и не им го овозможува тоа. Затоа се потребни промени и наместо критики, добро е да слушнеме конструктивни сугестии и предлози, истакна министерката за образование и наука Весна Јаневска на денешната собраниска седница.

Одговарајќи на пратеничко прашање во врска со процесот на усвојување на нова концепција за гимназиското образование, Јаневска рече дека веќе е почнато електронското прибирање сугестии, а ако пратениците одлучат, ќе се организира и собраниска расправа.

Според неа, концепцијата ќе им понуди право на избор на учениците.

- Advertisement -
Ad image

– Имаме нацрт верзија на концепцијата и почнавме електронско прибирање сугестии. Ќе дискутираме цела година, ќе го слушнеме мислењето на сите засегнати страни – нагласи Јаневска.

Министерката истакна дека сосема го разбира стравот на јавноста од промени, „затоа што претходната влада носела одлуки со декрет и за образовните концепти не постоела широка дебата“. Притоа ја посочи како пример Концепцијата за основно образование за која, рече, се организирала само една дебата во Собранието, по што и била усвоена, без можности за забелешки.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation