Царинската управа соопшти дека денеска на аеродромот во Скопје е спречен обид за шверц на злато во вредност од половина милион евра

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Царинската управа соопшти дека денеска на аеродромот во Скопје е спречен обид за шверц на злато во вредност од половина милион евра.

Против две лица белгиски државјани кои се обиделе да го шверцуваат златото е поднесена кривична пријава.

Царинските службеници, како што информира директорот на Царинската управа Бобан Николовски, се посомневале во патниците откако утврдиле дека во нивните куфери забележале голем број празни кутивчиња за накит и при проверката на останатиот багаж во еден од ранците  пронашле 209 парчиња златен накит, меѓу кој имало и парчиња со дијаманти.

– Притоа се најдени 89 парчиња златни прстени во вредност од 203.169 евра, 17 парчиња нараквици со вредност од .55.748 евра, 23 парчиња синџирчиња  со вредност од  39.260 евра, 52 пара златни обетки со вредност од 97.258 евра, 10 парчиња златни нараквици со вредност од 19.300  евра и 18 златни синџирчиња со вредност од 64.820 евра. Или вкупно 209 парчиња златен накит со тежина од 1,7 килограм и вкупна вредност од  479.559 евра – изјави Николовски.

Осомничените имале три извозни декларации од кои еден е за примач од Скопје, како и еден правен субјект и еден од уапсените.

Царинската управа верува дека златниот накит бил наменет за македонскиот пазар, бидејќи на дел од накитот имало и цени.

Share This Article