Background

Царинска управа: Спречен обид за криумчарење 6,4 килограми сребро

На граничен премин Богородица мобилен тим спречи обид за криумчарење на 6,4 килограми сребро во вредност од 472 илјади денари. Против сторителот ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело криумчарење, казниво по Кривичниот законик.

Случајот е откриен од мобилен царински тим кој на влез во државата на граничен премин Богородица при контрола на камион со стока од Турција наменета за македонска фирма, во фабричките празнини пронајде непријавени 1.944 парчиња сребрен накит со тежина од 5,4 килограми и две сребрени плочки со тежина од еден килограм. Дополнително во сандакот за алат под долниот кревет и под возачкото седиште биле пронајдени и 20 штеки цигари, меѓу кои Малборо и Мурати.

Имено, сторителот откако ја натоварил стоката во Истанбул, се договорил да преземе две ќеси сребро и да го пренесе во Скопје за одреден надомест. Истите ги скрил во делот на фиоките кај совозачкото седиште и во делот на возачкото седиште позади пластиките кај електрониката, по што се упатил кон нашата држава.

- Advertisement -
Ad image

Случајот е предаден на Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги за понатамошна постапка.

  • Мобилни царински тимови во два случаи спречија обид за шверц на 220 комплети алати меѓу кои пили и циркулари.

    Првиот случај е откриен при контрола на стока со потекло од Кина, наменета за увозник од Скопје, која била пријавена за увозно царинење во царинската испостава Гевгелија. Поради сомневање е извршена контрола на стоката при што биле пронајдени 192 комплети со рачен алат и 40 моторни пили, кои не биле опфатени со царинските документи.

    Вториот случај е откриен на влез во државата на граничен премин Табановце при контрола на автобус кој сообраќал на редовна линија Италија – Македонија при што во патните торби на еден од патниците  биле пронајдени дури 28 парчиња употребуван електричен алат и полначи.

  • Македонски државјанин преку граничен премин Табановце се обидел во државата да криумчари дури 250 парчиња икони. Во обидот е спречен од мобилен царински тим кој при контрола на автомобилот на различни места ги откри непријавените икони.
  • Царински службеници од царинска испостава Скопје 3 запленија 5.475 кутии за школски прибор со ознаки на заштитени трговски марки поради основано сомневање дека повредуваат права од интелектуална сопственост.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation