Царината со полни раце работа

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Во најновата акција на Царинската управа на Северна Македонија, запленети се илјадници таблети и ампули анаболни стероиди, како и разни лекови, кои биле криумчарени преку граничниот премин Деве Баир. Дополнително, запленети се 3.300 евра во готовина, топлинска пумпа, соларни инвертери и разна друга стока, додека против пет лица се поднесени кривични пријави за криумчарење, фалсификување исправи и незаконски јавен превоз.

Во најголемиот случај, цариниците на граничниот премин Деве Баир спречиле криумчарење на голема количина лекови и анаболни стероиди. Косовски државјанин, кој управувал товарно моторно возило, се обидел да внесе 126 кутии со вкупно 1.260 ампули од различни препарати, 50 флакони Gemtu 1000mg-10ml, како и 49 кутии со 4.410 таблети Andromax Oxymetholone 25mg и Danamax Methandrostanolone 10mg. Лековите биле сокриени во кабината на возилото, во кеса покриена со ќебе и јакна, како и во фиоката над воланот. Вредноста на запленетата стока се проценува на 788 илјади денари. Против сторителот е поднесена кривична пријава до ОЈО Куманово.

„Во два одделни случаи, царинските инспектори откриле фалсификувани документи за транспорт. Во првиот случај, ирански државјанин пријавил лажна транспортна дозвола на граничниот премин Богородица, по што е поднесена кривична пријава за незаконски јавен превоз. Во вториот случај, транспортна компанија и нејзиниот одговорен претставник се обиделе да извршат фалсификување на исправа за лиценца за меѓународен транспорт, менувајќи регистарски ознаки. Царинските службеници го откриле фалсификатот, а случајот бил предаден на надлежните институции“, велат од Царина.

Македонски државјанин е фатен на Деве Баир при обид да прокриумчари рачка за епилатор “Elysion applicator” вредна 826.400 денари, без да ги плати увозните давачки во износ од 155.232 денари. Исто така, на Табановце се запленети четири инвертери за соларни системи, 150 парчиња лакови за нокти и 20 парчиња серум за кожа, кои македонски државјанин се обидел да ги внесе во земјата со возило со германски регистарски таблички.

На истата граница, цариниците откриле и топлинска пумпа „BOSCH“, која друг македонски државјанин се обидел да ја прокриумчари без да плати царина. Запленети се и 31 пар патики вредни 137 илјади денари, како и 1.320 ремчиња за рачни часовници, откриени во автобус на линијата Истанбул-Скопје.

„На граничниот премин Богородица, при личен претрес на патник со македонски регистарски таблички, цариниците откриле 5.300 евра, иако тој пријавил само 2.500. Согласно законските прописи, му биле вратени 2.000 евра, додека за остатокот ќе биде поведена прекршочна постапка“. информираат од царината.

Оттаму најавуваат дека ќе продолжи со засилените контроли за спречување на криумчарењето и други нелегални активности на граничните премини.

Share This Article