Пожар избувна денес попладне пред 14 часот во куќа на улицата Браќа Ставреви во Кочани, при што тројца лица се хоспитализирани поради вдишување на чад. Според информациите повредените се надвор од животна опасност.
Во гаснењето на огнот учествуваа сите расположиви екипи на Територијалната противпожарна единица од Кочани, со поддршка и од Доброволното противпожарно друштво. Пожарот е успешно изгаснат по неколкучасовна интервенција.
Истрагата за причините на пожарот сè уште не е започната, а надлежните институции најавија дека наскоро ќе извршат увид на местото на настанот.