Тројца повредени во пожарот во Кочани кои беа хоспитализирани на Универзитетската болница за интензивна нега „Св. Ѓорѓи“ во Пловдив, денеска се пуштени на домашно лекување

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Тројца повредени во пожарот во Кочани кои беа хоспитализирани на Универзитетската болница за интензивна нега „Св. Ѓорѓи“ во Пловдив, денеска се пуштени на домашно лекување, соопшти прес-центарот на болницата, пренесува БТА.

„Пациентите, тројца мажи на возраст од 19, 21 и 48 години, беа примени во болницата на 17 март на Клиниката за пластична, реконструктивна и естетска хирургија, каде што беа сместени на интензивна нега поради сериозноста на изгорениците. За време на престојот во болницата, нивната состојба постепено се подобруваше, а медицинските специјалисти им ја обезбедуваа сета потребна нега и третман“, се вели во соопштението.

Во моментот, сите пациенти се во стабилна општа состојба и ја напуштаат медицинската установа со пропишани препораки за следење и рехабилитација.

Тројцата пациенти и нивните роднини изразија благодарност до тимот на болницата.

Во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани што се случи на 16 март, животот го загубија 62 лица, а близу 200 беа поврдени. Некои од повредените беа пренесени на лекување во други земји. Во Бугарија беа хоспитализирани 15 повредени – од нив осум во болницата „Пирогов“ во Софија, а другите во болниците во Пловдив и Варна.

Share This Article