Тројца нападнале вработен во „Водовод“, еден е во притвор, двајца во бегство

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Тројца насилници минатиот месец нападнале вработен во пунктот на „Водовод“ во населбата Шуто Оризари и му ги скршиле коските со дрвени палки и со метални шипки. Обвинителството соопшти дека отвора истрага за нападот, а за еден напаѓач предкага притвор.

„Јавен обвинител од ОЈО Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 3 лица поради сомненија дека сториле кривично дело Насилство предвидено во член 386 став 3 од Кривичниот законик. На 2 јуни, пред пункт на „Водовод“ во населбата Шуто Оризари, осомничените во група ја загрозиле сигурноста и извршиле грубо насилство врз еден оштетен, вработен во пунктот“, соопшти Јавното обвиннителство.

Додека тој го паркирал возилото пред влезната врата на објектот, тројцата осомничени го нападнале од зад грб, видно агресивни без посебен повод или причина, се додава во соопштението.

„Почнале да го удираат со дрвени и со железни палки, клоци и боксови по главата и по телото, нанесувајќи му тешки телесни повреди – фрактури на повеќе коски. Со насилството била предизвикана вознемиреност и страв и кај други лица кои биле сведоци на настанот. До овој момент лишен е од слобода еден од осомничените, 29-годишник за кого јавниот обвинител денеска поднесе предлог за определување мерка притвор до Судот, поради можноста да се даде во бегство, да го повтори делото или да влијае врз сведоците и врз оштетениот. Останатите двајца осомничени се идентификувани, тие се од Сингелиќ, на возраст од 38 и 40 години, но се во бегство од моментот на извршување на делото, па јавниот обвинител издава насоки за нивно пронаоѓање и лишување од слобода“, се вели во соопштението на Јавното обвинителство.

Share This Article