Трипуновски вели дека резултатите во земјоделството се видливи

Lorita
By Lorita
2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

 Откупот на винското грозје ќе заврши во најдобар ред, имаме рекордни цени, а така ќе продолжиме и во наредниот период, истакна денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски.

Одговарајќи на новинарски прашања за откупните цени на винското грозје и критиките на лидерот на СДСМ Венко Филипче дека лозарите се изманипулирани, на прес-конфреренција во Стопанската комора на Северна Македонија, тој рече дека е некоректно да се манипулира во овој предизборен период со маката и трудот на лозарите.

– МЗШВ согласно Законот за вино ги има запазено сите законски обврски и потребни активности да ја истакне производната, односно откупната цена, која треба да биде зголемена за 25%. Жалам што се вметнува политика во мотиката, но тоа е начин на делување на СДСМ, нивна одлика – рече Трипуновски.

Заложба на Министертсво и Владата, според него е да се грижат за трудот на секој македонски земјоделец.

– Тоа го покажуваат и бројките на Државниот завод за статистика, а во котекст на тоа за успешноста на менаџирање на целиот процес второто тромесечје во 2025 година кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е забалежано од 26,4%, а во делот на откупот и продажбата второто тромесечје 2025, во споредба со истиот период лани имаме зголемување 7,2%. Ова значи дека го враќаме квантитетот на македонското прозиводтво ја зголемуваме продажбата, односно го враќаме производството на пиедесталот – рече Трипуновски.

Share This Article