Блу Ајви Картер го засени својот татко Џеј-Зи во ретко заедничко појавување на натпреварот на Л.А. Лејкерси против Сан Антонио Спарс. 13-годишната ќерка на раперот и пејачкатаа Бијонсе долго време привлекува внимание со стилски изданија за кои многумина сметаат дека не се во согласност со нејзините години, додека други ги нарекуваат одлични.
И овој пат таа се одлучила за кул изглед во преголема бајкерска јакна нагласена со впечатливи бели пруги и широки фармерки, а половина од времето носела очила за сонце инспирирани од 2000-тите. Сè надополнила со бордо патики од Изабел Марант Бекет и сребрена чанта Дизел со накит.
Нејзиниот татко го задржал својот лежерен стил, во обична црна дуксерка со качулка и црни панталони. Џеј-Зи имал и капа, црни очила за сонце и златен ланец. Иако Бијонсе не им се придружила, коментарите на социјалните мрежи се дека Блу е иста мајка ѝ.
Ќерката на славните веќе си создаде име со своите модни излегувања, особено кога станува збор за луксузни настани. Минатиот месец, Блу Ајви беше именувана во листата „Power 100“ на списанието „Ебони“, заедно со Мишел Обама, Трејси Елис Рос и Шакил О’Нил.
Изданието ги детализираше нејзините неверојатни достигнувања на својата веб-страница, пишувајќи: – Претставена на глобалната публика додека беше сè уште во утробата на Бијонсе на доделувањето на наградите VMA во 2011 година, Блу Ајви почна да поставува рекорди како новороденче, кога нејзиното гугање на песната „Glory“ од Џеј-Зи ја направи најмладата личност што некогаш се искачила на врвот на скалата на Билборд.
Картер освои три награди BET, три награди NAACP Image и Греми за најдобро музичко видео за „Brown Skin Girl“ пред да стане тинејџерка. Но, токму нејзините одлични настапи во „Mufasa: The Lion King“ и за време на турнејата на Бијонсе „Cowboy Carter“ докажаа дека оваа извонредно сталожена млада жена го има она што е потребно.



























