Триесет и четири годишната Биљана Ј.А. од Прилеп е исчезната веќе повеќе од 24 часа, а нејзиното семејство преку социјалните мрежи апелира до јавноста да помогне во пронаоѓањето.
Сестрата на исчезнатата, Соња Јандреска, преку потресна објава на Фејсбук ги моли сите што имаат информации, веднаш да се јават:
„Луѓе мои, помагајте, ве премолувам. Мојата сестра Биљана е исчезната веќе повеќе од 24 часа. Последен пат е видена во село Крушеани, од каде заминала со својот автомобил Ауди A4 со регистарски таблици PP7822AG, темно мастилна боја. Од таму ѝ се губи секоја трага, а нејзиниот мобилен телефон е исклучен. Ве молам, доколку некој ја забележи, нека ме контактира мене или некој од моето семејство. Ве молам, помогнете мајката на Дори и Таиса да се врати жива“.
Потрагата трае, а случајот е пријавен и во полиција. Министерството за внатрешни работи потврдува дека исчезнувањето е заведено во службените евиденции.
„На 23.07.2025 во 23.02 часот во СВР Битола, С.Ј.М. од Прилеп пријавила дека од дома со возило се оддалечила нејзината сестра Б.Ј.А. (34), која имала здравствени проблеми. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето“, соопштија од МВР.