Три тешки сообраќајки се случиле во Битола во понеделникот кон пладне, информира битолската полиција. Во една од несреќите загинаа две лица, додека во другите две тешко се повредени две лица.
Во несреќа во 11.55 часот кај надвозникот за селото Кукуречани на патот Битола-Прилеп сударот меѓу патнички автомобил „дачиа“ со скопски регистарски ознаки управуван од 37-годишник од Битола и товарно возило „ивеко“ управувано од Б.К.(29) од с.Обршани завршил фатално за возачот и за сопатникот од автомобилот.
„Во несреќата, на местото на настанот починале возачот на патничкото возило Е.И. и сопатникот К.С.Д (42) од Велика Британија, а смртта ја констатирал доктор од Итна медицинска помош Битола. Сопатникот во патничкото возило С.К. од Индија е пренесен во Клиничка болница Битола каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид во присуство на јавен обвинител ивршила увидната екипа на СВР Битола“, се вели во полицискиот билтен.
Во 12.10 часот истиот ден мопед „томос“ со битолски регистарски ознаки управуван од 71-годишник изгубил контрола и паднал од коловозот.
„По несреќата истиот со возило на Итна медицинска помош Битола бил пренесен во Клиничка Болница Битола каде му биле констатирани тешки телесни повреди“, соопшти СВР Битола.
Во 12.45 часот истиот ден на улицата Ружа Делева во Битола „опел“ управуван од 22-годишен битолчанец удрил во 66-годишен пешак од Битола.
„Во несреќата пешакот М.Д. се здобила со тешки телесни повреди констатирани од доктор во Клиничка Болница Битола. Увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола“.