Три лица се повредени во верижен судар што се случи синоќа на скопската обиколница кај Смилковското Езеро во кој учествувале три автомобили, камион и автобус, соопшти МВР.
„На 22.01.2025 околу 20.20 ч. во СВР Скопје е пријавено дека на обиколница Скопје, клучка Бутел кај Смилковско Езеро кон Арачиново, се случила сообраќајна незгода во која учествувале три патнички возила, товарно возило и паркиран автобус. Од незгодата со повреди се здобиле тројца учесници кои се пренесени во скопските клиники“, се наведува во соопштението.
Повеќе детали за сообраќајката МВР најави за денеска.