Три лица ги загубија животите околу 16 часот на автопатот од Тетово кон Скопје. Според првичните информации на СВР Тетово, имало судир помеѓу возило „опел“ со тетовски регистарски таблички и автобус.
– Две лица, маж и жена, починаа на местото на настанот, додека една жена починала во Клиничката болница во Тетово, каде што исто така е однесено и повредено дете за да му се пружи лекарска помош – се вели во првичната информација од СВР Тетово.
Јавен обвинител, противпожарни екипи и полиција се на местото на настанот за спроведување на увидот. Од СВР Тетово најавија подетални информации откако ќе биде документиран случајот.