Трговците од денеска мораат да имаат веб-страница со сите производи колку чинат

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Од денеска трговците се должи на дневна основа да ги објавуваат продажните цени на производите на нивните официјални веб страници. Обврската произлегува од измените на Законот за заштита на потрошувачи што беа објавени во Службен весник на 4 март, а Министерството за економија изготви Правилник за начинот на објавување на цените на стоките.

Во Правилникот е наведено дека сите мали, средни и големи трговеци кои вршат дејност трговија на мало согласно Националната класификација на дејностите има должност дневно да ги објавува цените на стоките кои ги пласира на пазарот на својата веб-страница на јасен и достапен начин, преку посебен дел на веб-страницата на трговецот посветен на цените (Ценовник). Објавените цени треба да бидат достапни без потреба од регистрација или дополнителна најава.

Ажурирањето на цените треба да се врши секој ден до 10 часот, а во случај на ненамерна техничка грешка, трговецот е должен да ја корегира грешката во рок од 24 часа.

Доколку од страна на трговецот се нудат промотивни или попустни цени, на веб страницата треба да биде означена редовната цена, процентот или износот на намалувањето, како и времетраењето на промоцијата или попустот.

Според надлежните, со ваквиот начин на објавување на продажните цени ќе се обезбеди транспарентност, поголема конкурентност и намалување на цените.

– Измените на Законот стапија на сила на 4 март и со нив е предвидено во рок од 45 дена од објавувањето на законот во Службен весник секој трговец на мало и големо да ја објави тековната продажна цена на производите. Согласно законките измени и Правилникот што го изготви Министерството за економија и труд, трговците почнувајќи од 18 април ќе мора да ги објавуваат цените на својата веб страница – изјави министерот за економија и труд Бесар Дурмиши на прес-конференцијата во средата.

Изземање од ваквата одлука вчера побараа од Здружението на приватни аптеки, според кое аптеките не треба да се третираат како обични трговци.

– Сакаме да потенцираме дека аптеките не се класични малопродажни објекти, туку здравствени установи на ниво на примарна здравствена заштита, каде работи лиценциран здравствен кадар, магистри по фармација и фармацевтски техничари. Нашата основна улога е да обезбедиме здравствена услуга и фармацевтска грижа за пациентите, преку издавање и советување за употреба на лекови, следење на терапијата и едукација на граѓаните, а не да вршиме трговија во класичната смисла – изјави Билјана Божиновска, член на Извршниот одбор на Здружението на приватни аптеки.

Здружението на приватни аптеки на Република Северна Македонија бара изземање на аптеките од новиот Правилник за објавување цени на стоки од 3 април годинава, нагласи за време на денешната изј

- Advertisement -
Ad image

Измените на Законот за заштита на потрошувачи беа донесени на собраниската седница одржана на 25 февруари. Сличен закон има донесено и Хрватска.

Share This Article