Background

ТРЕНДАФИЛОВ САКА ПОКАЧУВАЊЕ НА ПЛАТИТЕ ЗА 40% СЕГА, А НЕ ВО 2028 ГОДИНА Следната недела синдикатите го блокираат Скопје

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Следната недела, Сојузот на синдикати почнува со блокади, а останува и одлуката за генерален штрајк доколку не се зголемат платите. Оттаму упатија отворен повик до Владата да дојдат во понеделник во зградата на ССМ и да го потпишат колективниот договор со кој платите ќе се зголемат за 40% веќе од февруари.

- Advertisement -
Ad image

– Го повикуваме претставникот на Владата во понеделник да дојде во ССМ и да го потпише колективниот договор со кој ги зголемува платите на вработените за 40% и наместо во 2028 година да ја зголемиме минималната плата на 600 евра од февруари 2026 година. Го покануваме преку вас медиумите да дојде и да ја зголеми платата врз манипулациите кои ги искажуваат дека ССМ одбил да се зголеми, а патем ССМ протестира и од улица им кажуваме дека не ги зголемуваат платите. Но, доколку не дојде, што тогаш – рече претседателот на ССМ Слободан Трендафилов денеска на прес-конференција.

Трендафилов информира дека имало компании каде што им бил вршен притисок на работниците да не излегуваат на протест. Како примери ги спомена Македонска пошта и заменик генералниот директор, како и Тутунскиот комбинат Прилеп каде извршен директор ги повикувал вработените да не одат на протест и да потпишат пристапници во КСС.

Тој посочи и на случаи во кои претставници на синдикални организации на КСС изјавувале дека нема потреба од излегување на протест како регионалниот претставник на СОНК за Делчево и на претседателката на синдикалната организација во Македонска пошта и  побара Државниот инспекторат за труд да направи надзор и да утврди како за краток период се собрани огромен број на пристапници.

ССМ, рече Трендафилов,  останува на најавите за блокади кои ќе почнат од следната недела. Првично, ќе се блокираат влезовите на Скопје.

– Наредната недела ќе започнеме со блокади, како што најавивме на големиот протест. Ќе започнеме со блокади на Собранието. Веројатно тие ќе бидат првите што ќе ги блокираме, затоа што тие нè блокираа цела година, го чуваа законот во фиока и не сакаа да ги зголемат платите на работниците. Тоа значи дека пратениците ќе мора да дојдат пешки или со јавен превоз, како што одат работниците на работа. Тој ден нема да можат да наплатат патни трошоци, а ќе побарам од претседателот на Собранието да нè информира кој пратеник побарал патни трошоци за тој ден – рече Трендафилов.

Останува и одлуката за организирање 24-часовен генерален штрајк донесена од страна на највисоките тела на Синдикатот.

– Одлуката за поведување генерален штрајк, кој работниците го бараат, и кој ќе трае 24 часа, ќе ги заштити сите работници кои тој ден нема да ги извршуваат своите работни обврски и ќе излезат на улица, како што тоа го прават нивните колеги во Франција, Грција и Белгија. Законот ги штити работниците. Ќе определиме само нужни работи кои мора да се извршуваат како и во 2020 година кога организиравме генерален штрајк во јавниот сектор. Здравството и безбедноста ќе бидат дејности кои ќе функционираат со минимум процес на работа, а сите останати ќе имаат полно право да застанат зад одлуката за генерален штрајк – рече Трендафилов.

Сојузот на синдикати во средата одржа протест поради неисполнување на барањата за зголемување на минималната плата на најмалку 600 евра и на сите останати плати за 100 евра.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation