Една нова студија ја нагласува потребата за внимателен внес на витамин Д, бидејќи прекумерните дози може да носат несакани ризици на долг рок.
Витаминот Д е надалеку познат по одржувањето цврсти коски, но новото истражување покажува дека може да влијае и на когнитивната функција, но на негативен начин. Неодамнешното истражување на Универзитетот Рутгерс во САД ги испитувало неговите ефекти врз меморијата и времето на реакција кај жените на возраст од 50 до 70 години, пишува zimo.dnevnik.hr.
Научниците се фокусираа на дебелите жени за да проценат како различните дози на витамин Д влијаат на нивните когнитивни способности. Учесниците беа поделени во три групи, од кои секоја земаше различни дневни количини на витамин Д за една година:
– 600 IU (препорачана дневна доза)
– 2000 IU
– 4000 IU
Покрај тоа, сите учесници беа охрабрени да ослабат, поради познатите когнитивни придобивки што ги обезбедува губењето на тежината.
Жените кои земале 2.000 IU дневно покажале подобрена меморија и способности за учење, но имале малку побавно време на реакција. Оние на 4.000 IU имале уште поизразени доцнења на реакцијата, што предизвикува загриженост за зголемен ризик од когнитивно опаѓање. Претходните студии покажаа дека надминувањето на 2.000 IU на ден може да ја зголеми веројатноста за когнитивно опаѓање, нагласувајќи ја важноста на рамнотежата во суплементацијата на витамин Д. Новото истражување е објавено во The Journals of Gerontology: Series A.
Потребни се повеќе истражувања за да се утврди дали побавното време на реакција доведува до поголем когнитивен пад. Дополнително, на мажите и на жените може да им требаат различни нивоа на витамин Д за оптимално мозочно и физичко здравје.