Американскиот претседател, Доналд Трамп, денеска, по трговскиот состанок меѓу САД и Кина во Мадрид, на неговата социјална мрежа Truth Social напиша дека разговорите поминале добро и дека се блиску до договор.
„Големиот трговски состанок во Европа меѓу САД и Кина помина МНОГУ ДОБРО! Наскоро ќе биде заклучен. Постигнат е договор и за „одредена“ компанија што младите луѓе во нашата земја навистина сакаат да ја спасат. Тие ќе бидат многу среќни! Ќе разговарам со претседателот Си во петок. Врската останува многу силна!!!“, напиша Трамп на Truth Social, очигледно мислејќи на апликацијата ТикТок.
Американскиот министер за финансии, Скот Бесент, денеска изјави дека во трговските преговори со Кинезите во Мадрид е постигната рамка за договор за оваа апликација, што ќе го отвори патот за нејзино пренесување во американска сопственост.
Бесент додаде дека дополнителни детали ќе бидат утврдени в петок, на состанокот меѓу Трамп и кинескиот претседател Си Џинпинг.
Tagged as:
Трамп задоволен од средбата со Кинезите во Мадрид
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
